Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Амандманска расправа за Предлог законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска ќе одржи амандманска расправа за Предлог законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во второ читање. За Предлог-законот поднесен е еден амандман од пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски.

Основната цел на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е да се воспостави фискално одржлива рамка за финансирање на радиодифузната дејност, при што средствата се утврдуваат за период од пет години и се обезбедуваат од Буџетот во висина од 1% од реализираните даночни приходи утврдени во последната донесена завршна сметка на Буџетот на Македонија, пред донесување на Буџетот на Македонија.

– По истекот на периодот од пет години ќе се изврши редефинирање на висината на средствата за финансирање за наредните пет години во висина од 1% од реализираните даночни приходи утврдени во последната донесена завршна сметка на Буџетот на Македонија, пред донесување на Буџетот на Македонија. Тоа ќе обезбеди стабилност и предвидливост на финансирањето, без притоа да се наруши ликвидноста и нормалното функционирање на буџетот – се посочува во Предлог-законот објавен на собраниската веб-страница.

Реклама

Во Собранието денеска ќе заседаваат и Комисијата за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за социјална политика, демографија и млади се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за семејството, сите во прво читање.

Членовоте на Законодавно-правната комисија ќе ги разгледуваат Предлог на законот за престанување на важењето на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Македонија, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Фондот за осигурување на депозити, Предлог на Законот за семејна и станбена поддршка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за семејството, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, сите во прво читање и Предлог на законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, двата во второ читање.