Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Битола го слави денот на ослободувањето на градот 4-ти Ноември

Битола денеска го слави 4 ноември, денот кога во 1944 година, градот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битола денеска го слави 4 ноември, денот кога во 1944 година, градот беше ослободен од бугарскиот, германскиот и италијанскиот фашистички окупатор.

Според битолските хроничари, главните борби против фашистичките сили во реонот на Битола ги воделе македонските борци од 49-тата дивизија на НОВ и ПО на Македонија, во чиј состав биле Седмата македонска битолска бригада, Битолско-Преспанскиот партизански одред и Леринско – Костурската македонска бригада.

Утрото на 4-ти ноември 1944, македонските партизани победоносно влегле во Битола каде потоа биле пречекани и поздравени од граѓаните. Во борбата против фашизмот, 266 македонски партизани од Битола и битолско ги дадоа своите животи за ослободувањето на Македонија.

Реклама

Во рамки на свечената програма на Општина Битола за одбележување на празникот, претпладнево градоначалникот Тони Коњановски и гости од збратимените градови со Битола ќе положат цвеќе пред споменикот на НОВ и револуцијата што се наоѓа на плоштадот „Гоце Делчев“, пред споменикот на народниот херој Стив Наумов, како и пред споменикот на паднатите борци на Партизанските гробишта во Битола, а вечер на свечена академија ќе бидат презентирани актуелните состојби и визија за Битола, и ќе бидат доделени највисоките општински признанија, наградата „4-ти Ноември“.

Наградата за животно дело годинава ќе и биде доделена на актерката Соња Михајлова, доајен на битолскиот Народен театар.