Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Научен собир за негирањето на посебноста на македонскиот јазик и македонската нација како форма на политички говор на омраза

Во организација на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ и Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ, денеска ќе се одржи научен собир на тема „Негирањето на посебноста на македонскиот јазик и македонската нација како форма на политички говор на омраза“.

Собирот произлегува од научноистражувачкиот проект „Негирањето на посебноста на македонскиот јазик и политичката легитимност на македонската нација како форма на политички говор на омраза“ и има цел да поттикне научна и интердисциплинарна дискусија за негирањето на македонскиот јазик и националниот идентитет, нивните политички, правни, општествени и културни импликации, како и прашањата поврзани со човековите права, дискриминацијата и современите регионални и европски процеси.

Како што наведуваат од Програмскиот и Организацискиот одбор на научниот собир, преку научните излагања и дискусиите, собирот ќе придонесе кон пошироко разбирање на овие прашања и нивното значење во современиот општествен контекст.

Реклама

Научниот собир ќе го отвори академик Марјан Марковиќ, а поздрави обраќања ќе имаат проф. д-р Ганка Цветанова од ИСППИ при УКИМ и академик Катица Ќулавкова од ИЦАЛ во МАНУ.