Ваквите најави од Народната банка се добра вест за граѓаните кои се собираат пред експозитурите на банката. Најголем дел од нив се во Битола. Тие стравуваат, и тоа оправдано со оглед на случувањата од минатото, но и поради целата вознемиреност во јавноста, пред сè од страна на политичари од опозициската СДСМ и лидерот Венко Филипче.
Тој постојано реагира и коментира за случувањата околу „Алта банка“. Со денови дава изјави, крева паника и бара истрага и одговорност, со што, според оценките, придонесува за несигурноста и стравот кај граѓаните.
За обемот на повлекувањата говори податокот дека само за еден ден од „Алта банка“ во Битола биле повлечени два милиони евра. Во ваков амбиент, според упатените, добро е што Народната банка реагираше брзо и привремено ја презеде администрацијата на банката, со цел да се спречат натамошни одливи на средствата на граѓаните и фирмите.

