Реклама

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Македонија

Мисајловски: Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемува за 10 отсто од 1 јануари 2027, историски најголем раст

Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемува за 10…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемува за 10 отсто од 1 јануари 2027 година – изјави денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски. 

Министерот посочи дека преку социјален дијалог и во соработка со синдикатите бил постигнат овој исчекор.

– Ова е историско најголемо зголемување во апсолутна вредност. Тоа значи дека се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опфатени во платата. Јас многупати ветив дека ќе работам заедно со синдикатите на Армијата оваа институција да биде најдобрата во државата, а со овој чекор според примањата навистина стануваме една од најдобрите институции во државата – рече министерот Мисајловски.

Реклама

Со новиот буџет, додаде тој, опфаќаме сè она што е потребно за следната година, но и зголемување во тотална вредност на буџетот. 

Мисајловски изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за поддршката да се реализира ова зголемување.

– Најавивме и реформа за секој професионален војник што навршува 45 години. Заеднички оваа мерка ја промовираме како карван во касарните заедно со сите синдикати, сè она што заеднички го договараме за подобри услови на сите вработени, тоа ќе се остварува. Чекор по чекор, многу внимателно ги разгледуваме сите состојби, сè она што е предлог за подобрување на состојбите. Јас како министер стојам исправен и се гордеам со овие работи што заеднички ги правиме, но навистина е посебна гордост кога ќе направите чекор да се зголемува платата историски најмногу 10 отсто во апсолутен износ. Тоа значи тука влегуваат, освен основната плата, и дополнителните ставки, а тоа е ноќната работа, прекувремената работа… Во просек платата би се зголемувала од 4 до 11.000 денари – рече Мисајловски.

Министерот рече дека буџетот е поминат на владина седница, а во делот на одбраната се предвидува да изнесува 2 милијарди денари повеќе за 2027 година. За следната година најави продолжување на многу проекти, продолжување на социјалниот дијалог, нова опрема, како и склучување нови договори на билатерално ниво. Тој исто така информира дека во конечна фаза е и колективниот договор и најави дека оваа недела треба да биде завршен. 

Потпретседателот на Независниот синдикат на одбраната, Синиша Станчевски, и претседателот на Независниот синдикат на професионалните војници, Аднан Алити, го поздравија зголемувањето од 10 отсто и истакнаа дека се задоволни од постигнатото со помош на социјалниот дијалог. 

– Вака изгледа вистински социјален дијалог. Како репрезентативен синдикат, се гордееме за она што го постигнавме во овој период. Со помош на министерот и на премиерот успеавме да овозможиме 10 отсто зголемување на примањата од 1 јануари. Исто така, успеавме на лицата што навршуваат 45 години да им овозможиме достоинствено да останат на работа. Сите овие реформи не би можеле да бидат без залагањето на министерот. И мислам дека со вакво работење ќе успееме за уште подобри достигнувања – рече Станчевски. 

Алити, од своја страна, рече дека ова е историски чин, каде што првпат во Министерството за одбрана и Армијата има зголемување на платата и на други додатоци од 10 отсто.

– Исто така, успеавме за неколку месеци да решиме и други проблеми во врска со професионалните војници. Во согласност со член 40-а од Законот за службата, каде што сега новата формација, сите тие професионални војници, кои планираат да останат во Армијата, може тоа право да го искористат. Значи, моментно две придобивки се решени. Работиме и на третиот случај со колективниот договор, каде што мислиме дека во текот на оваа недела или наредната и тој дел ќе го завршиме, каде што сите вработени во МО и АРМ ќе ги уживаат сите права и уште поголеми права во согласност со постојниот, но и идниот колективен договор – рече Алити. 

Во однос на буџетот во одбраната за 2027, Мисајловски рече дека е предвидено да се зголеми за две милијарди денари и оти ќе остане ставката 30 проценти да одат за модернизација и капитални инвестиции.

– Таа ставка останува на 30 проценти, но повторно ќе се вратиме на ова прашање бидејќи не знам колку амандмани ќе има за буџетот на Министерството. Уште еднаш сакам да изразам благодарност до министерката за финансии и до премиерот бидејќи навистина тешки времиња се насекаде. Секоја земја има проблеми да ги достигне тие два проценти од БДП што се издвојуваат за НАТО, а ова важи и за најголемите земји. Имаме многу предизвици, каде што договараме да најдеме решение. Едно е да потпишете договор, друго е до крај да се реализира како што треба. Исто така, предвидени се и 20 проценти за модернизација на Армијата, но на сето тоа ќе се навратиме откога ќе видиме дали ќе има амандмани – рече Мисајловски.

На новинарско прашање да ги искоментира протестите на армиските ветерани закажани за 7 ноември, Мисајловски рече дека секој има демократско право да протестира, а негова работа е да обезбедува подобри услови.

Претседателот на Независниот синдикат на професионалните војници, Алити, пак, рече дека ниту синдикатите, а помалку професионалните војници, не стојат зад тој протест.

– Тие протестираат за две барања, односно дека не е решен нивниот статус по навршена 45. година. Тоа не е точно. Во согласност со член 40 од Законот за служба во Армијата имаме две ставки, каде што професионалните војници по 45. година, може да засноваат работен однос во Министерството за одбрана или да се префрлат во друга институција, каде што ги уживаат сите права до пензија, или да земат испратнина – рече Алити алудирајќи дека се во прашање лични причини на организаторот за протестите.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: