– Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа оствари средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Паоло Палминтери, на која биле разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка во областа на животната средина и одржливиот развој.
Како што инфпормираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, во фокусот на разговорите биле продлабочувањето на институционалното партнерство, реализацијата на заедничките иницијативи и поддршката на Италија во заштитата на природното наследство.

Двајцата соговорници ја потврдиле заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката, со акцент на конкретни активности и проекти од заемен интерес.
Министерот Хоџа изразил благодарност за континуираната поддршка од Италија и ја нагласил подготвеноста на Министерството за понатамошно развивање на партнерските односи.

