Реклама

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Македонија

СФФ: „Златна Скополија“ за режисерското дуо од Полска, Малгоржата Шумовска и Михал Енглерт

Во пресрет на 26. Скопје филм фестивал (СФФ26), најавено е востановување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на 26. Скопје филм фестивал (СФФ26), најавено е востановување на фестивалската награда за исклучителен придонес кон светската кинематографија – „Златна Скополија“, посветена на авторите кои оставиле неизбришлива трага во развојот и еволуцијата на светскиот филмски јазик. 

Годинава, „Златна Скополија“ ќе му биде доделена на режисерското дуо од Полска, Малгоржата Шумовска и Михал Енглерт.

-Оддавајќи му признание на реткото и извонредно уметничко партнерство меѓу Малгоржата Шумовска и Михал Енглерт, оваа награда ја става на пиедестал нивната заедничка повеќедецениска креативна визија. Нивната соработка претставува совршен пример за тоа како спојувањето на два автохтони уметнички сензибилитети, нејзината смела режисерска нарација и неговиот софистициран визуелен јазик, создава единствен, силен и препознатлив филмски глас во европската и светската кинематографија. Преку нивните заеднички соработки, како „Never Gonna Snow Again“ и најновото филмско остварување „The Idiot(s)“, Шумовска и Енглерт ги поместуваат границите на традиционалното филмско режирање и раскажување, истражувајќи ги длабоките човечки емоции, социјалните контрасти и суптилното преплетување меѓу реалноста и мистиката, велат од СФФ.

Реклама
Во пресрет на 26. Скопје филм фестивал (СФФ26), најавено е востановување на фестивалската награда за исклучителен придонес кон светската кинематографија – „Златна Скополија“, посветена на авт

Автор на наградата е истакнатиот скопски сликар и скулптор Владо Костов (роден во 1967 година), познат по автентичниот израз, отелотворен во суптилни конструкции од отпаден материјал. Зад себе има богата уметничка кариера, од раните ангажмани во познатото англиско студио „Hollywood Road Film Production“, па сѐ до препознатливите конструкции од отпаден материјал и мултимедијалниот проект „Почит кон Чарли Паркер“. Костов ја создава „Златна Скополија“ како совршено отелотворување на суровоста, префинетоста и уникатниот дух на Скопје. Наградата ја изработи Димитар Филиповски.

-Името на наградата инспирацијата ја наоѓа во „Scopolia carniolica“, необичен, таинствен цвет што расте во сеновитите шуми на планинските предели околу Скопје. Иако етимолошки независни, фонетската и звучна асоцијација меѓу цветот и градот отвора простор за нова уметничка интерпретација. Скопје е град на контрасти, на убавина и суровост, на постојано исчезнување и повторно раѓање. Како и самиот цвет, така и градот во себе носи двојственост. „Златна Скополија“ прераснува во автентичен симбол кој ги поврзува историската меморија, идентитетот на градот и универзалниот јазик на филмската уметност, наведуваат од СФФ.

Годинашното 26. издание на СФФ ќе се одржи од 4 до 9 ноември 2026 година. Филмското остварување „The Idiot(s)“ ќе биде прикажано во рамките на официјалната фестивалска програма, како дел од свеченото отворање. Заинтересираните ќе може да го проследат на 4 ноември, со почеток од 20:30 во Н.У. Македонски Народен Театар (МНТ), додека билетите за проекцијата се достапни преку „MK Tickets“.