Реклама

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Прилози

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Пензионерите со сметки во Алта банка кои немаат картички ќе можат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пензионерите со сметки во Алта банка кои немаат картички ќе можат на шалтер еднократно да извадат до 20 илјади денари. Гувернерот Славески појасни дека во моментов се прават списоци со пензионерите кои не поседуваат дебитни  или кредитни картички. Планот е за нив да се отвори посебен шалтер во Битола, бидејќи во овој град Алта банка има најголема концентрација на клиенти. Тие до среда ќе бидат известени за новиот начин на подигање на парите. На овој начин, пензионерите ќе можат одеднаш да подигнат сума што ќе им покрие две недели.

„Од вкупно 11.500 пензионери коишто примаат пензија преку Банката, околу 3.500 немаат платежни картички. За нив подготвуваме посебно решение за исплата преку шалтер. Целта е да им овозможиме полесен пристап до нивните средства, а јавноста ќе биде информирана веднаш штом ќе бидат утврдени сите потребни детали. Во оваа насока се разгледува и можноста, исклучиво за пензионерите без платежни картички, да се овозможи еднократно подигнување до 20.000 денари, со цел да се избегнат повеќекратни посети на шалтерите и да им се олесни располагањето со средствата“ – велат од НБМ.

Се решава и проблемот со 5.500 луѓе што примаат социјална помош преку Алта банка. Министерот за социјална политика, Ѓоко Велковски рече дека тие ќе можат еднократно да ги повлечат парите на шалтерите кои ќе се отворат за таа намена во Скопје, Битола и Струмица.

Реклама

Привремената администрација во Алта банка бара решение и за компаниите коишто имаат пари во Банката, а треба да ги исплатат платите и да ги подмират обврските за даноци и придонеси, имајќи предвид дека законскиот рок за нивно плаќање е до 15-ти во месецот. Тие во моментов смеат неограничено да исплаќаат само на сметки во Алта Банка, но не и во другите банки, а привремено се блокирани и исплатите кон странство.

Народната банка сака што поскоро да се најде купувач за Алта банка Битола и посочи дека има неколку заинтересирани купувачи. Веќе е испратено известување до надлежниот регулатор во Србија, со барање во рок од три дена да се произнесе дали АЛТА банка Белград ќе ги понуди на продажба акциите во АЛТА банка АД Битола. Ако тоа не се случи, Народната банка ќе ја преземе постапката за продажба.

„Без разлика дали ќе добиеме одговор од регулаторот, по истекот на десет дена Народната банка ќе ги понуди акциите на АЛТА банка АД Битола на Македонската берза. Постои интерес од неколку потенцијални инвеститори, од земјата и од странство, за преземање на акциите на Банката. Постапката за евентуална продажба ќе се спроведе во согласност со законската регулатива и надлежностите на Народната банка“ – велат од Народна банка.

Народната банка постави тим од тројца администратори во Алта банка кои во следните дваесетина дена ќе го „чешлаат“ работењето на банката. Од нив, улогата на „прв човек“ на банката ја презема Илија Андовски, долгогодишен кадар на НБМ и Директор за вонтеренска супервизија и лиценцирање. Досега е утврдено дека нема милионски одливи од банката, како што се шпекулираше во јавноста. Вкупните трансфери од АЛТА банка Битола кон Србија минатата недела се околу 180 илјади евра. Приливите од Србија, пак, се 16 илјади евра.