Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Археолошка изложба „Лица од новата ера: првите земјоделци во Северна Македонија пред 8 000 години“ во Франкфурт

Од денеска до 4 јули 2027 година, Музејот на град Скопје со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска до 4 јули 2027 година, Музејот на град Скопје со археолошката изложба: „Лица од новата ера: првите земјоделци во Македонија пред 8 000 години“ ќе гостува во Археолошкиот музеј во Франкфурт, Германија. Изложбата ќе биде отворена вечер, кога ќе биде промовирано и изданието за претставените локалитети, под авторство на кустосот на изложбата, Љубо Фиданоски.

Во рамки на изложбата ќе бидат изложени 83 артефакти од неолитската збирка на два локалитети од Скопскиот Регион: Церје – Говрлево и Слатина – Зелениково, како едни од најзначајните локалитети од овој период, не само во државата, туку и пошироко.

Низ различни музејски начини и содржини ќе бидат претставени најважните предмети од збирката: антропоморфниот модел на куќа, позната како „Големата мајка од Говрлево“, разновидните керамички фигурини, жртвеници и садови. Исто така, ќе бидат претставени и исклучително интересните камени и коскени алатки од обата локалитета.