ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) соопшти дека во периодот од 26 октомври до 1 ноември 2026, со помош на специјалните возила „пајак“, биле отстранети 120 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, информира ЈП ПОЦ.

