Реклама

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сами против сите и раст од 1.200 гласа, Брвеница нема да биде заборавена, понудивме програма и концепт за развој, а тие национални поделби

ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница настапи со визија, програма и проекти за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница настапи со визија, програма и проекти за развој на општина и за подобар живот на граѓаните. Една Брвеница за сите е повеќе од концепт во кој ние ја потенциравме силата на единството, соживот и меѓусебната почит, инфраструктурните инвестиции, подобрите услови за живот, додека противниците искористувајќи ја демографската состојба повикуваа на етничко гласање. Нашите опоненти се обединија и сите заеднички наместо натпревар на идеи, изборната трка ја претворија во ринг на поделби по разни основи, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ, СДСМ, Левица, за жал, и ВРЕДИ како тројански коњ од една страна, а ВМРО-ДПМНЕ од другата страна. Ние сами против сите, и благодарение на довербата која ни ја дадоа имаме значителен раст на бројот на гласовите кои, за жал, не беа доволни за Јованчо Радичевски да биде избран за градоначалник.

Од 3.000 гласа во првиот круг стигнавме до 4.200 гласа за ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг, додека споредено со парламентарните избори растот на гласови е 1.300.

Реклама

СДСM и политичката партија Левица во првиот круг овие предвремени локални избори целосно ги декласиравме, завршија на четврто и петто место, а како последна сламка за да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг се ставија во служба на ДУИ за одвлекување на гласови.

Тоа што предизвикува особена жал е што нашиот коалициски партнер, ВРЕДИ ја пропушти можноста во Брвеница да биде поразличен од ДУИ и да се издигне над етничкиот национализам, со што се покажа дека исто како и кандидатите на СДСМ и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ.

Но, после овие избори, уште од утре граѓаните и Македонци и Албанци ќе очекуваат проекти и развој, а не национализам, ќе очекуваат резултати, а не демагогија кој од која партија е или на која етничка заедница градоначалникот припаѓа.

Затоа, Брвеница нема да биде заборавена, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инвестира, да вложува и да гради за развој на општината и подобри услови за живот на граѓаните.