Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Балкан

Почина познатиот хрватски пејач Мишо Ковач

Во Сплит денеска почина познатиот легендарен хрватски пејач Мишо Ковач. Како што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Сплит денеска почина познатиот легендарен хрватски пејач Мишо Ковач. Како што објавуваат хрватските медиуми, Ковач починал во сплитската болница. 

Мате Мишо Ковач е еден од најпознатите и најпопуларни хрватски пејачи на забавна музика, чија кариера ја следеа повеќе генерации. Неговите песни се дел од хрватското музичко и културно наследство. 

Тој е роден во Шибеник на 16 јуни 1941 година, каде го поминал и детството. 

Реклама

Започнал да пее на шеснаесет години, откако го слушал настапот на пејачот на неговиот сограѓанин Љубе Лучев. Завршил средно училиште во индустриското училиште за тапетар, а во 1961 година го делел првото место на натпреварот „Прв глас на Шибеник“ до Мирко Вуксиќ. Пеел сингл на Елвис Присли, пејач кој му ја обележа кариерата. 

Се женел три пати и тоа со Љубица Комадина, со Анита Батурин поранешна Мис на Југославија со која ги добил синот Еди и ќерката Ивана, и со Лидија Пинтариќ со која остана до крајот на животот. 

По војниот рок во Белград се преселил во Загреб. На натпревар во Карловци ја испеал песната „I can’t stop loving yоu“ на Реј Чарлс и го привлекол вниманието на продуцентите. Првиот неофицијален настап го имал есента 1964 година во загрепската Градска кафеана, а истата година потпишал договор со Југотон. Првата плоча му била препев на песната на Чарлс „I can’t stop loving yоu“. 

Летото 1965 настапува на Мелодии на Јадранот, а стасус на ѕзвезда му донесе песната „Повеќе нема да се вратиш“ од 1969 година, песна на тогаш младиот Ѓорѓе Новковиќ. Синглот е продадена во речиси 190.000 примероци и била втора најпродавана плоча таа година. Соработката со композиторот Новковиќ трае до неговата смрт во 2007 година.  

Со победата на Сплитскиот фестивал 1971 година со песната „Proplakat će zora“ станал најпопуларниот пејач во Југославија. Истата година за малку ќе загинел во сообраќајна несреќа кај Задар, а мустаќите што ќе му станат заштитен знак ги пуштил за да го прикрие белегот над горната усна. 

Следуваат години на врвот со песните „Drugi joj raspliće kosu, a ja je volim”, „Ostala si uvijek ista”, „Ako me ostaviš”, „Sutra mi sude”, „Odavno više ne plačem zbog tebe”, „Ti si pjesma moje duše”. Пет пати е прогласуван за пејач на годината, а во 1989 година е избран и за личност на годината во Југославија. Глумел и на филм во 1972 година покрај Раде Шербеџија во „Poslijepodnevu jednog fazana”.

Деведесетите години за него биле најтешкиот период од животот. во 1992 година неговиот шеснаесетгодишен син Еди смртно настрадал во Загреб под неразјаснети околности. 

По смртта на син му одржал голем концерт под името „Ноќ на свеќите“ на сплитски Пољуд. Пеел пред 50 илјдаи луѓе. По концертот објави дека веќе нема да настапува, но не го одржал зборот. 

Освен синот, во деведесетите ја изгубил мајка му и помладиот брат, а по неколку години борба со депресијата, Мишо во Загреб во 1999 година си пука во градите, но преживеал. 

Потоа се вратил со концерт во Домот на спортови, снимил нови албуми и дуети со ќерката Ивана и повторно победи на Сплитскиот фестивал. Од тој период најмногу се издвојува песната „Dalmatino“. Во 2012 година ја добил наградата Порино за животно дело.