Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ изјави дека ќе го заштити секого кого политички го прогонуваат по поразот на неговата партија на парламентарните избори.
„Јас сум виновен, нека ме гонат мене“, порача Вучиќ.
На седницата на партиското раководство, тој изјави дека нема намера да штити поединци кои украле пари, но најави отпор кон сите истраги што ги смета за политички мотивирани. Тој директно го посочи проектот за комплексот на Генералштабот во центарот на Белград како пример за кој е подготвен да одговара.
Претседателот на Српската напредна странка, Милош Вучевиќ, на седницата на Главниот одбор на оваа партија претходно закажа вонредно заседание на партиското собрание за 13 декември и го предложи Александар Вучиќ за нов претседател на партијата.

