Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Пензионерската патека на Средно Водно доби едукативно-информативни табли

Познатата рекреативна пензионерска патека на Средно Водно доби нови едукативно-информативни табли, поставени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Познатата рекреативна пензионерска патека на Средно Водно доби нови едукативно-информативни табли, поставени во рамките на кампањата „Твоја патека, твоја иднина“, која шеста година се реализира како дел од платформата „Засади желба“,  во организација на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и трите пензиски друштва: Сава пензиско друштво, КБ Прво пензиско друштво и Триглав пензиско друштво.

-Поставените информативни табли ја поврзуваат идејата за континуирано движење напред со процесот на долгорочно создавање пензиска заштеда, која се гради трпеливо и одговорно низ годините. Како што секој поминат метар води поблиску до врвот и наградата што ја носи погледот од него, така и секоја навремена одлука за штедење придонесува кон поголема финансиска сигурност и мирна иднина во пензионерските денови, соопштија организаторите. 

Дарко Саздов, член на Советот на експерти на МАПАС, на настанот се осврна на значењето на финансиската писменост, навременото информирање за пензиското осигурување и улогата на ваквите иницијативи во подигнувањето на свеста кај граѓаните.

Реклама

-Финансиската писменост е важна за секој од нас, бидејќи одлуките што ги донесуваме денес можат значително да влијаат врз нашата финансиска сигурност во иднина. Во таа смисла, пензиското осигурување има особено значење. Навременото информирање за функционирањето на пензискиот систем и за можностите што ги нуди капитално финансираното пензиско осигурување е важен чекор кон подобро разбирање на потребата од долгорочно планирање и обезбедување посигурна пензиска иднина, истакна Саздов.

 Оваа година активностите  од кампањата „Твоја патека, твоја иднина“ се надоврзуваат и на одбележувањето 20 години реформиран пензиски систем, период во кој финансиската едукација и информираноста на граѓаните добиваат сè поголемо значење.

Иван Стојановиќ, втор генерален директор и член на Управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, претставник на Асоцијацијата на пензиски друштва на Северна Македонија, истакна дека 20 години реформиран пензиски систем се две децении промени, развој и градење свест за важноста на финансиската сигурност.

-Но, нашата улога не е само да управуваме со пензиските заштеди. Таа е и да бидеме дел од заедницата, да ја поттикнуваме финансиската едукација и да ги охрабруваме луѓето навреме да размислуваат за својата иднина. Шеста година по ред, преку кампањата „Засади желба“, трите пензиски друштва КБ Прво пензиско друштво, Сава пензиско друштво и Триглав пензиско друштво, продолжуваат да ја пренесуваат истата важна порака: иднината што ја посакуваме ја градиме со одлуките што ги носиме денес. Оваа година, пораката ја носиме на Водно, на познатата Пензионерска патека – место за прошетка, рекреација и уживање во природата, кое го претвораме во простор за едукација и инспирација. Преку едукативни пораки, интерактивни QR-кодови и интересни содржини на порталот www.penzija.mk, посетителите ќе може да откријат повеќе за важноста на пензиското планирање и финансиската сигурност, истакна Стојановиќ.