Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Обвинителите денеска избираат нов шеф на ОЈО ГОКК

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Преку директен избор со тајно гласање вкупно 187 јавни обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмината пријавени кандидати – Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Гласачките места ќе бидат отворени од 08:00 до 16:00 часот, а резултатите по завршување на гласањето ќе бидат сумирани на јавна седница, којашто МИА ќе ја пренесува во живо.

Реклама

Комисијата за спроведување на изборот, формирана од Советот на јавните обвинители, е во состав – Ермон Незири, Светлана Стојковиќ и Кети Петкова.

Петмината кандидати на седница на Советот на ЈО на 13 октомври годинава ги претставија своите програми. Во фокусот на сите се јакнењето на истражните капацитети, борбата против корупцијата и перењето пари, финансиските истраги, ефикасноста во постапувањето и поголемата независност на Обвинителството.

Огласот за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК беше објавен во „Службен весник“ на 21 август годинава.

Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на актуелниот раководител Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.