Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Национален форум „Млади за интегритет“ ќе ги обедини младите и институциите во борбата против корупцијата

Искуствата и препораките на младите за унапредување на интегритетот и спречување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Искуствата и препораките на младите за унапредување на интегритетот и спречување на корупцијата ќе бидат во фокусот на Националниот форум „Млади за интегритет – Од гласот на младите до институционални промени“, што ќе се одржи денеска во Скопје.

Настанот, во организација на Аналитика – Скопје, претставува завршен национален настан во рамки на проектот „Млади за интегритет: Проширување на младинските антикорупциски активности во Северна Македонија“ и ќе обедини претставници на институциите, образовниот сектор, граѓанските организации и младите.

Форумот предвидено е да го отвори министерката за образование и наука Весна Јаневска, а во центарот на дискусиите ќе бидат младинските ставови и препораки за јакнење на интегритетот и намалување на корупцијата.

Реклама

Во рамки на настанот е предвиден интерактивен форум-театар и две тематски панел-дискусии, преку кои младите ќе имаат можност директно да ги претстават своите идеи и предлози пред институционалните претставници и да придонесат кон креирање конкретни решенија.