Реклама

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Прилози

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Честитки за изборната победа на Студентската листа во Србија пристигнуваат од Брисел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Честитки за изборната победа на Студентската листа во Србија пристигнуваат од Брисел и од Скопје. Европската Унија нуди поддршка за реформи и забрзување на евроинтеграциите. Европските лидери испраќаат порака дека вратите кон Европа се отворени, изборниот резучтат може да биде почеток на ново поглавје, но пред Србија претстои работа на владеењето на правото, слободата на медиумите и борбата против корупцијата.

„Ново поглавје за земјата сега може да започне. вратата кон ЕУ е отворена„, рече Кос.

Македонските претставници пак порачуваат дека очекуваат зајакнување на добрососедските односи. Претседателката на Македонија го поздрави изборниот исход  истакнувајќи ја важноста на мирното остварување на политичката волја.

Реклама

„Честитки за исходот од изборите во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен пренос на политичката моќ„ , гласи честитката од Сиљановска Давкова.

Потпретседателот на македонското собрание Антонијо Милошоски освен честитката до победниците испрати и порака за зачувување на добрососедските односи.

„Да им честитам на победниците во Србија да им посакам составување на стабилна влада, да има продуктивни односи со соседите и со членките на ЕУ. За нас е од особена важност тие односи да се надградат уште повеќе.“ – вели Антинијо Милошоски.

Шефот на македонската дипломатија Муцунски им посака успех на претставниците на студентската листа во исполнувањето на очекувањата на граѓаните.

„Искрени честитки до граѓаните на Србија за успешно спроведените парламентарни избори, а особено до победниците за постигнатиот изборен успех! на претставниците на Студентската листа им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните.“ – вели министерот за надворешни работи Муцунски.

Македонија останува цврсто посветена на натамошното продлабочување на пријателство меѓу двете земји и негување на добрососедските односи, порача Муцунски додавајајќи дека тоа е во интерес на заедничката европска иднина и просперитетот на целиот регион.