ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци доби донација во ЛЕД-светилки, информираа попладнево од јавната здравствена установа.
– Со донација од 100 ЛЕД-светилки за потребите на нашата болница, компанијата „Електро ексклузив“ уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност и посветеност кон заедницата – соопштија од јавната здравствена установа.
Оттаму истакнаа дека оваа донација ќе придонесе за подобрување на условите за работа и престој во болницата, како и за поголема енергетска ефикасност и намалување на потрошувачката на електрична енергија.
– Упатуваме искрена благодарност до компанијата за оваа значајна поддршка и за препознавањето на важноста од вложувањето во подобри услови за работа и поквалитетна здравствена грижа – додадоа од кавадаречката болница.

