Реклама

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Македонија

Андоновски: 25 милиони евра за иновациски проекти, целта е поддршка за 300 компании и 700 нови работни места

По подолг период на застој во финансирањето на иновациски проекти, започнува нов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По подолг период на застој во финансирањето на иновациски проекти, започнува нов циклус поддршка за компаниите преку Агенцијата за иновации, со вкупна вредност од околу 25 милиони евра во рамки на европскиот проект „Greening Business” Facility, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Станува збор за грант-шема наменета за микро, мали и средни претпријатија за периодот 2026–2030 година, чија цел е да се поддржат 300 компании, да се поттикне приватно кофинансирање од осум милиони евра и да се придонесе за отворање 700 нови работни места.

Андоновски,при посетата на Стопанската комора, посочи дека поддршката за иновациските проекти подолго време била во застој, меѓу другото и поради потребата да се разгледаат и анализираат претходните постапки поврзани со сомневања за корупција и кривични пријави.

Реклама

Тој појасни дека програмата ќе биде насочена кон микро, малите и средните претпријатија, особено кон оние што се занимаваат со производство, а приоритет ќе бидат зелената транзиција, подобрувањето на работењето, растот и зголемувањето на конкурентноста на компаниите.

Според најавата, поддршката нема да биде реализирана преку еден единствен јавен повик, туку ќе биде поделена во неколку повици, со различни категории и износи на грантови.

Првиот повик, кој се очекува да биде објавен наскоро, ќе биде наменет за воведување меѓународни стандарди, односно за добивање сертификати, вклучително и ИСО-сертификати. За оваа намена компаниите ќе можат да добијат грант до 5.000 евра, со минимално сопствено учество од 20 проценти.

-Првиот дел е воведување меѓународни стандарди, што ќе почне многу скоро, до 5.000 евра грант со 20 проценти минимално сопствено учество – рече Андоновски.

Во следните фази се предвидува поддршка за помали зелени инвестиции, со грантови до 30.000 евра, како и за поголеми инвестиции, за кои грантовите би можеле да достигнат до 300.000 евра. За овие категории ќе биде потребно минимално сопствено учество од 50 проценти.

Министерот нагласи дека процесот на оценување на пријавите ќе биде строг и внимателен, со цел да се обезбеди објективност при изборот на проектите и да се избегнат какви било субјективни влијанија.

-Деталите можеби најдобро ќе ги видите кога ќе бидат објавени, но ќе бидеме многу ригорозни во процесот на оценување, многу внимателни. Многу ќе се внимава да нема субјективност од каков било вид – истакна Андоновски.

Тој информираше дека пријавувањето за сите повици ќе се врши исклучиво електронски, преку порталот uslugi.gov.mk, без можност за поднесување пријави на шалтер.

– Сите повици ќе бидат достапни исклучиво за пријавување преку uslugi.gov.mk. Нема да биде дозволена шалтерска пријава за овие проекти, нагласи министерот.

Андоновски ги повика компаниите што се заинтересирани за аплицирање навреме да почнат со подготовка на проектните идеи и потребната документација, наместо да чекаат да бидат објавени јавните повици.

Тој посочи дека компаниите ќе можат да побараат помош и од иновациските и дигиталните центри, меѓу кои „Инова“ и „ДигитМак“, за подготовка на проектите и развивање на соодветни концепти.

-Мој совет е што побрзо да се обратите ако имате интерес, за да почнете со подготовка уште пред воопшто да почнат јавните повици, за да имате добро поткрепени концепти кога ќе се објават повиците – порача Андоновски.

Со новиот циклус, како што беше најавено, се очекува да се поттикнат инвестициите во иновации и зелени технологии, да се подобри конкурентноста на домашните компании и да се создадат услови за отворање нови работни места во периодот од 2026 до 2030 година.