Вчера се гласаше и во Македонија, каде државјаните на Србија и Бугарија го остварија своето избирачко право.
Вкупно 1.438 српски државјани беа пријавени за гласање во Македонија, а се гласаше во амбасадата во Скопје и во почесниот конзулат во Куманово. Според последните информации, Вучиќ ги добил изборите кај нас, посебно во Куманово, но извојувал победа и во Црна Гора и Република Српска. За разлика од Србите, Бугарите во Македонија покажаа многу слаб интерес за нивните претседателски избори – на седум определени избирачки места низ земјата гласале едвај 265 бугарски државјани. Бројот на заинтересирани гласачи бележи пад во однос на претходните парламентарни избори во Бугарија, одржани во април 2026 година, кога во Македонија својот глас го остварија вкупно 463 лица со бугарски пасоши. Според податоците од пописот од 2021 година, во Македонија како Бугари се изјасниле 3.504 лица, додека Бугарија упорно тврди дека околу 216.000 македонски државјани досега имаат добиено бугарски пасош. Во претходните изборни циклуси од 2022 до 2024 година излезноста во земјава се движела меѓу 320 и 460 гласачи.

