Реклама

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Македонија

Манасиевски: Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач

Венко Филипче си ја ишка мувата од капата. Тој и Зоран Заев…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче си ја ишка мувата од капата. Тој и Зоран Заев му се извинуваа на Вучиќ, правеа пактови со него и се пијанчеа до раните утрински часови. Впрочем, Венко Филипче, Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ имаат ист пејач кој им пее на приватни журки – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на портпаролот Валентин Манасиевски.

Еве го Венко Филипче на приватна журка во Дубаи каде што слави со Харис Џиновиќ, а еве ја Ана Брнабиќ на приватна журка исто со Харис Џиновиќ и со други министри на Вучиќ, а еве и уште едно видео како самиот Вучиќ ужива во песните на Џиновиќ.

Ако Филипче мисли дека една иста лага повторена 1000 пати ќе стане вистина тоа не може да биде така. Врските на Филипче и Вучиќ не може да се избришат ни со 1000 прес-конференции против Вучиќ.

Реклама

Кога Филипче зборува против Вучиќ, на народот му текнува како седеа и пиеја до рани зори, како го пречекуваше на граница, како марихуаната одеше за Србија, како за директор на ЕСМ со Заев ставија човек на Вучиќ, како за ПР шеф во партија го ставија токму неговиот кум Башановиќ и многу други поврзаности за кои допрва ќе се дознава.

Венко Филипче и Александар Вучиќ се едно те исто. Впрочем ако сакате да ја погледнете реалноста прво паднаа Заев и Филипче, а по нив тргна бранот.

Сестринската партија на СДСM во Унгарија доживеа изборен дебакл и остана надвор од унгарскиот парламент. Сестринската партија на СДСM во Србија е на 9-тото место. А СДСM пак во Македонија има слични резултати, на последните предвремени локални избори во Брвеница се 4-та партија, во општина Куманово се 4-та партија, а во главниот град, во Скопје се 5-та партија. СДСM бега од предвремени избори како ѓавол од темјан. СДСM со Филипче се феномен. Тие се единствената партија во политичката историја, која не бара предвремени избори од опозиција.

Венко Филипче доколку сака да опстане уште некој месец во политиката до избори треба да си го гледа сопствениот двор, а не да мисли дека со лаги може да ја изврти реалноста.