Реклама

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Македонија

Кумановци ќе предлагаат приоритети за општинскиот буџет за 2027 година

Општина Куманово организира три буџетски форуми на кои граѓаните ќе можат да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Куманово организира три буџетски форуми на кои граѓаните ќе можат да ги претстават своите предлози и потреби за креирањето на општинскиот буџет за 2027 година. Форумите ќе се одржат на 28 и 30 октомври и на 3 ноември, со почеток во 12 часот, во Занаетчискиот дом. На првите два форума, граѓаните ќе имаат можност да изнесат идеи, предлози и приоритети што би можеле да бидат вклучени во буџетот за следната година. 

-Ги повикуваме граѓаните активно да се вклучат во процесот и да ги споделат своите потреби, предлози и забелешки во областите на економијата, инфраструктурата, образованието, социјалната заштита, животната средина, културата и спортот. Целта на буџетските форуми е да се зголеми учеството на граѓаните во одлучувањето за локалните приоритети и во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година- изјави секретарот на општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска.

Активностите се реализираат во рамките на проектот „Заедници со интегритет“, финансиран од владите на Швајцарија и Шведска, а спроведуван од Националниот демократски институт (NDI). Во меѓувреме,  тече и онлајн анкета преку која граѓаните можат да ги споделат своите идеи и предлози. Анкетниот прашалник е достапен на https://bit.ly/4siNuxm, а ќе може да се пополнува заклучно со 1 декември 2026 година.