ТВ Алфа прави нов чекор кон телевизијата на иднината. Со нова програмска шема, нови содржини и континуирана примена на вештачката интелигенција, ја потврдува амбицијата да биде предводник во воведувањето современи технологии во македонскиот етер.
По „Бурни времиња“, серијата што веќе се емитува со синхронизација со помош на вештачка интелигенција, од вечерва започнува емитувањето и на „Диви пчели“, вториот проект со кој Алфа ја продолжува оваа иновативна практика. Новиот програмски директор на телевизијата, Никола Крстиќ, вели дека ова е само една од новините кои допрва следуваат.
„Со ‘Бурни времиња’ направивме важен и храбар чекор, а со ‘Диви пчели’ покажуваме дека тоа не беше изолиран експеримент, туку јасна стратешка насока на Алфа ТВ. Ние не само што ги следиме технолошките промени, туку и активно учествуваме во нив. Вештачката интелигенција ни овозможува побрзо и поефикасно да локализираме странски формати и да понудиме повеќе содржини на македонски јазик. Но, за нас технологијата не е цел самата по себе. Најважно е гледачите да добијат содржина што е природна, разбирлива, квалитетна и блиска до нив“- изјави Никола Крстиќ, програмски директор на ТВ Алфа.
Паралелно со технолошките новини, ТВ Алфа ја развива и својата програмска шема. Фокусот е на разновидна програма, нови телевизиски проекти и содржини што ќе одговорат на различните интереси на публиката. Целта е телевизијата да понуди повеќе од вообичаениот програмски распоред — препознатлива содржина, нови искуства и причини гледачите повторно да го изберат нејзиниот канал.
„ Нашата цел е гледачите секојдневно да имаат причина да ја изберат Алфа— без разлика дали станува збор за серии, забавна програма, информативни содржини или нови формати. Токму за нив и постоиме гледачите се во центарот на она што го работиме“ изјави Никола Крстиќ, изјави програмскиот директор на ТВ Алфа.
Телевизискиот пазар се менува, а со него и очекувањата на публиката. За Алфа ТВ, предизвикот е да понуди содржини што ќе го задржат вниманието на гледачите, но и да отвори простор за нови идеи и поинакви продукциски решенија. Насоката е јасна — да се поместуваат границите на традиционалната телевизија и да се создава програма што одговара на времето во кое живееме.

