Како во СЈО се трошеле милионите – обвинителката Лејла Кадриу очекуваше нејзината колешка Елизабета Јосифоска која ја тужи за клевета да дојде во судот на првото рочиште и да каже што се правело со огромните суми на пари кои ги добиваше пропаднатото обвинителство од државата. Но Јосифоска не се појави во судница иако бара оштета за наводно нанесена повреда по јавно искажаните ставови од Кадриу за работата на СЈО. Кадриу во интервју во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевска “ на Алфа ТВ пред осум месеци откри шокантни наводи дека катица Јанева и нејзините блиски соработници се расфрлале со народните пари, а без никаков ефект. Напротив како што тврдеше се штителе одредени политички моќници – од Заев па до Верушевски.
„Јас во своја емисија нагласив дека предметот од организиран криминал е преземен некаде во средина на месец декември 2015 година, а она доставува докази дека е преземен од судот 2016 година некаде во јуни, дека суд наводно и покажување на Катица не го дал предметот бидејќи имало внатре материјали кои се со оневозможува доверба, а сите обвинители во СЈО немаат сертификат за сигурноста“, изјави Кадриу.
Кадриу во емисијата на Афа тврдеше и дека предметот „Пуч“ поврзан со Зоран Заев и аферата со прислушувањето се чувал од декември 2015-та во фиоките на СЈО и обвинителите не постапувале по него. Јосифоска пак во тужбата спори дека преметот кај специјалните обвинители стигнал во јуни 2016-та кога Кадриу не била веќе нивна колешка и немала увид. За да се докаже вистината Кадриу од судот побарала по службена должност да бидат набавени материјалите.
„Дали е потрошено во 2015 година за 2,5 месеци милион или е потрошено пола милион, коешто она дава докази дека е потрошено пола милион на 10 обвинители по 2.000 евра плата, а не знам на што е потрошен тој пола милион? А дали нашле начин да се потроши па на крај ревизорските извештаи кажуваат дека за четири години се потрошени 4 милиони и 600.000 евра, па да видиме сега можеби и со исповеди и денеска да ни каже каде се потрошени тие 4 милиони и 600?“, додаде Кадриу.
По гостувањето на Кадриу во феврари годинава во емисијата на Алфа се отворија бројни прашања и сомнежи за функционирањето на поранешното СЈО. Во контекст на предметот „Пуч“, Кадриу изнесе тврдења дека четворица адвокати на Заев вршеле притосок врз нејзините поранешни колеги кои се откажале од гонење пред да го проучат предметот. Елизабета Јосифоска, Гаврил Бубевски и Ленче Ристовска ги демантираа изјавите на Кадриу, но таа одби да се извини, дури и да заврши на суд со цел вистината да излезе на виделина.
Следното рочиште по однос на тужбата од Јосифоска против Кадриу е закажано за февруари следната година.

