Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска во Брисел оствари средба со претседателот на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК), Шејмус Боланд, на која беше истакната важноста на социјалниот дијалог, граѓанското општество и поддршката за евроинтегративниот пат на земјата.

Како што посочи Сали по средбата, европската интеграција не претставува исклучиво процес што се одвива меѓу институциите, туку механизам кој треба директно да ги поврзе граѓаните и стопанството со европските процеси.

– Европската интеграција не е само процес меѓу институциите. Таа треба да ги доближи граѓаните, работниците, бизнисите и граѓанското општество до европското одлучување. Разговаравме за значењето на социјалниот дијалог, граѓанското учество и зајакнувањето на врските со европските партнери. За нас, патот кон Европската Унија треба да донесе вистински можности и посилен глас за нашите граѓани – посочи Сали.

Реклама

Претседателот на ЕЕСК, Шејмус Боланд, испрати порака со силна поддршка за приклучувањето кон Европската Унија, нагласувајќи ја клучната улога на граѓанскиот сектор, синдикатите и работодавачите во рамките на процесот на проширување.

– Европскиот економски и социјален комитет е една од институциите што даваат совети за прашања поврзани со законодавството на ЕУ. Ние сме домот на граѓанското општество, во кој се застапени синдикатите, работодавачите и организациите на граѓанското општество. Сакаме повторно да ја потврдиме нашата силна поддршка за приклучувањето на вашата земја кон семејството на Европската Унија. Европската Унија е семејство. За да создадеме посилна Европа, потребно е нови организации и земји да се приклучат и да станат дел од тоа семејство – порача Боланд.

Посочувајќи дека ЕЕСК го води аспектот на граѓанското општество во пристапниот процес, Боланд истакна оти се надева дека наскоро ќе допатува во посета на Македонија. 

– Европскиот економски и социјален комитет е одговорен за аспектот на граѓанското општество во рамките на процесот на проширување на ЕУ. Веќе посетивме други земји и искрено се надевам дека ќе успееме да дојдеме и во Северна Македонија. Ве поддржуваме бидејќи граѓанското општество, а особено синдикатите, работодавачите и организациите на граѓанското општество, мора да бидат дел од процесот на проширување. Не само затоа што се од суштинско значење за животот на граѓаните, туку и затоа што се лепилото што ги држи земјите заедно. Тие се оние што им помагаат на луѓето на терен, особено на оние на кои им е потребна помош – истакна претседателот на ЕЕСК.

Боланд во своето обраќање додаде дека неговиот ангажман е насочен кон директен контакт со граѓаните и организациите со цел презентирање на сите придобивки од европскиот пат.

– Мојата задача како претседател на ЕЕСК е да се сретнам со вашите граѓани и претставници на вашите организации, да разговарам со вас за придобивките од проширувањето и да ве поддржам на вашиот пат кон членство во Европската Унија. Бидејќи проширувањето, како што им кажав на млади студенти во други земји, не е само прашање на зачленување во Европската Унија, туку и на подигнување на вашата земја на ниво на кое ќе може да се натпреварува со побогатите земји во светот, како и на обезбедување на сите придобивки што ги носи членството за вашите граѓани. Се надевам дека наскоро ќе се видиме. Ја поддржувам вашата кауза. Ве молам, продолжете да работите напорно – нагласи Боланд.

Вицепремиерот и министер за европски прашања, Сали, престојува во дводневна работна посета на Брисел, во чии рамки е предвидено утре да оствари средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос.