Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Мисајловски: Наскоро нов колективен договор и повисоки плати за Армијата

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави дека набрзо ќе биде потпишан нов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави дека набрзо ќе биде потпишан нов колективен договор за Армијата, со кој се предвидува и зголемување на платите. Тој информираше дека вчера била одржана уште една средба со синдикатите, на која се разговарало за подобрување на околу 20 члена од колективниот договор.

-Негде има едно мислење, негде различно мислење, но мислам дека заеднички ќе најдеме начин, бидејќи секој од синдикатите тука зборува како да биде подобро. Се разбира ние гледаме како да го овозможиме согласно финансиските импликации, но она што е добро за многу брзо ќе има преубави вести, а тоа ќе биде зголемување на платите и нов колективен договор  – изјави Мисјаловски, на заедничка прес-конференција со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и претставници на синдикалните здруженија во одбраната во Владата, кои, како што рече, претставуваат 99,9 проценти од вработените во Министерството за одбрана и Армијата.

Колективниот договор, нагласи Мисјаловски, сега максимално се почитува и со тек на годините очекува намалување на тужбите и губење на средства. 

Реклама

-Во само овие две години како сум министер, преку 26 милиони евра се исплатени тужби од буџетот. И тоа следува, бидејќи вработените во Министерството и Армијата требало да ги добијат тие средства. Сега ги губиме на судовите поради причини од 2019 година. Но, како се исплаќаат средствата се намалуваат тужбите и сега правиме да нема можност. Секогаш ќе се појави некоја тужба, но ова се навистина големи чекори да се обезбедат сите средства – изјави Мисајловски. 

Мисјаловски, информираше дека денеска на состанок со министерката за финансии договорил финансии за повисоки плати. 

-Многу наскоро ќе ги слушнете убавите вести. Ќе треба да го преработиме буџетот, бидејќи ќе добиеме дополнителни средства. Моја цел е Министерството за одбрана и Армијата да биде најдобра институција и ќе видите дека тоа ќе биде – изјави Мисјаловски.   

Буџетот за следната година, како што најави Мисајловски, ќе расте и рече дека ќе бидат најавени и уште дополнителни проекти, како капитални инвестиции и повисоки плати.

-Ќе започнеме со градби на Домот на АРМ, во секоја касарна ќе има нови објекти што ќе ги модернизираме. Се заложивме заедно со началникот, односно договоривме за програмата НАТО модернизација да има дополнителни средства, сосема нова борбена униформа и се она што следува да го обновиме следната година – изјави Мисајловски. 

Предвидовме, нагласи Мисајловски, и дополнителни средства за купување на дронови и анти-дрон системи, и најави дека следниот месец се очекува да стигнат два нови хеликоптери.