Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Од бараки стари повеќе од 50 години, учениците во Ченто добија училиште со европски услови – пуштено во употреба ОУ „Крсте Петков Мисирков“

До пред некоја година овде постоеја само бараки оставени од времето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До пред некоја година овде постоеја само бараки оставени од времето на земјотресот, повеќе од 50 години. Децата учеа во субстандардни услови, за разлика од тоа што денес можеме да го видиме, навистина европски услови – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба на новиот објект на Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во населбата Ченто, во Општина Гази Баба.

Според него, новото училиште претставува резултат на заложбите за подобрување на образовната инфраструктура и дел од поширокиот инвестициски циклус што Владата го реализира во соработка со општините. Нагласи дека во моментов низ државата се реализираат повеќе од 1.200 проекти како резултат на политиките за поддршка на локалната самоуправа и децентрализација на средствата.

Тој упати благодарност до Општина Гази Баба, Министерството за образование и наука и жителите на Ченто за трпението за време на реализацијата на проектот, оценувајќи дека новото училиште ќе им овозможи на идните генерации значително поквалитетни услови за настава од оние што ги имале нивните родители.

Реклама

Министерката за образование и наука Весна Јаневска нагласи дека новиот објект е доказ за реализација на ветените проекти во образованието и за континуираните вложувања во подобрување на условите за учениците и наставниците.

– Ова што денес го гледаме е доказ дека она што сме го ветиле, ние и го остваруваме. На учениците и наставниците им се обезбедува дополнителен мотив за подобрување на квалитетот на образованието – рече Јаневска.

Таа посочи дека слични проекти за изградба и реконструкција на училишта, спортски сали и спортски терени се реализираат низ целата држава со цел да се создадат подобри услови за образование.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информира дека новото училиште е современ и целосно инклузивен објект со 30 кабинети и капацитет за 713 ученици.

– Вкупната инвестиција изнесува 170 милиони денари. Образованието останува во нашиот фокус и затоа паралелно работиме и на изградба на нова училишна спортска сала во Железара, проширување на капацитетите во училиштата „Његош“ во Јурумлери и „Крум Тошев“ во Трубарево, како и на новата спортска сала во Црешево – рече Стефковски.

Тој додаде дека целта на локалната самоуправа е рамномерен развој на сите населени места во општината преку инвестиции во образованието, спортот и јавната инфраструктура. 

Новиот објект на Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во населбата Ченто е изграден на местото на старите бараки во кои со децении се одвиваше наставата. Станува збор за современ училиштен објект на приземје и еден кат со вкупна површина од 3.128 квадратни метри. Објектот е проектиран како целосно инклузивно училиште и е опремен со лифт, овозможувајќи непречен пристап за учениците со попреченост.