Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Интернет користат 93,7 проценти од граѓаните на Македонија, најмногу за телефонски и видеоповици

Во првото тримесечје од 2026 година, 93,7 проценти од вкупното население во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во првото тримесечје од 2026 година, 93,7 проценти од вкупното население во земјата на возраст од 15 до 74 години користеле интернет – покажуваат податоците за користењето на информациско-комуникациските технологии (ИКТ) во домаќинствата и од поединците на Државниот завод за статистика.

Во истиот период, 91,2 процент од домаќинствата имале пристап до интернет од дома.

Податоците укажуваат на широко распространета употреба на интернетот и дигиталните услуги во секојдневниот живот на населението, како и на висок степен на пристап до интернет во македонските домаќинства.

Реклама

Интернет неколкупати во текот на денот користеле 81,2 процент од населението, а исто толкав процент нарачале или купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци 

Во косистењето ИКТ најголемо учество од 93,5 проценти имаат телефонирањето преку интернет и видеоповиците (преку веб-камера и употреба на апликации, како Skype, FaceTime, Messenger, WhatsApp, Viber и Snapchat).

Најголемо учество од 88,4 % има размената на пораки, главно преку Skype, Messenger, WhatsApp и Viber.