Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Деветнаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески, кој на денешен ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески, кој на денешен ден пред деветнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка на пат кон Загреб.

Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот што маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево.И оваа година 14 учесници го трчаат 19-тиот маратон во чест на Тоше. Маратонот го почнаа 13 маратонци, а уште еден ќе им се придружи во Македонија. Во Хрватска ќе истрчаат речиси 200 километри, преку Србија ќе поминат со возила, како што налагаат прописите во земјата, а од границата со Македонија до Крушево македонските маратонци ќе истрчаат уште 220 километри.

Маратонот почна од Нова Градишка, пред неговото спомен-обележје, а денеска, на годишнината од неговото загинување, маратонците треба да пристигнат во Крушево.

Реклама

Крајната цел на маратонците е вечното почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево. 

Концертот остана запаметен како едно од последните големи обраќања на легендарната попѕвезда кон својата публика. Со својот препознатлив глас, енергија и искрен однос кон луѓето, Проески уште

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

Тодор Проески-Тоше е роден на 25 јануари 1981 година и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992), каде што испеал песна на влашки јазик.

Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп во 1997 година и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјата и регионот, а во 2004 ја претставуваше Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ – беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.