Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Општина Гевгелија доби нова сала за конференции

Општина Гевгелија доби на користење реконструирана сала за конференции која се наоѓа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Гевгелија доби на користење реконструирана сала за конференции која се наоѓа во Пионерскиот дом во центарот на градот. Според информациите од општинските власти, реконструкцијата и адаптацијата на обновената сала е дел од проектот во рамки на прекуграничната соработка со Грција од програмата „Green for Good – G4G“, преку кој во Гевгелија ќе се реализираат и други инвестиции. 

Од Општината велат дека обновата на просторот во Пионерскиот дом опфаќа молерофарбарски работи, замена на внатрешната и надворешната столарија, нов кујнски простор, осветлување, набавка и поставување современ мебел, инвертерски клима уреди за ладење и греење, како и техничка опрема за презентација. 

Просторот опфаќа површина од 200  квадратни метри и ќе се користи како мултифункционален конференциски и едукативен центар во функција на локалната самоуправа, за одржување седници, обуки, работилници и други активности.

Реклама

Во рамки на истата програма, општинските власти планираат и поставување на два полначи за електрични возила, како и поставување фотоволтаичен систем во ООУ „Крсте Мисирков“, со што ќе се овозможи користење обновлива енергија и намалување на потрошувачката на електрична енергија во јавните установи.