Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Митева со порака од Штип: Сплотени дејствуваме за една победа повеќе

На денешната панел дискусија под мотото „Сплотени дејствуваме за една победа повеќе“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната панел дискусија под мотото „Сплотени дејствуваме за една победа повеќе“, организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се обрати претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева и истакна дека суштината на дејствувањето на Унијата на жени е во препознавањето на проблемите, нивното јавно отворање и заедничкото делување за изнаоѓање вистински решенија, нагласувајќи дека секој навреме направен преглед, рано откриена промена, побрзо поставена дијагноза и навремено започната терапија претставуваат победа во грижата за здравјето на жените.

„Сплотени дејствуваме – за една победа повеќе е пораката под која сме собрани вечерва, но би сакала уште на самиот почетокот да кажам дека овие зборови за нас ја изразуваат суштината на она што сакаме да го постигнеме како Унија на жени, организација која умее да препознае проблем, да го отвори јавно, да ги собере луѓето кои можат да помогнат и според нас она што е најважно, да придонесе проблемот да добие вистинско решение. Кога зборуваме на оваа тема, зборот победа има една многу важна тежина. Победа е прегледот што не бил одложен. Победа е промената којашто сме ја откриле навреме. Победа е дијагнозата којашто е поставена побрзо, терапијата којашто е започната без непотребно губење на време, лекарот до кого пациентката можела да стигне тогаш кога ѝ бил најпотребен“, рече Митева.

Митева истакна дека политичката одговорност подразбира не само препознавање, туку и решавање на проблемите, нагласувајќи дека иницијативата во Штип е пример за институционална соработка и конкретни резултати во интерес на граѓаните.

Реклама

„Во тоа сите ќе ја препознаат и пошироката политичка определба на ВМРО-ДПМНЕ дека за нас, политичката одговорност не завршува со детектирањето на проблемот, туку започнува токму таму. Да кажеме што не функционира за нас е најлесниот дел, многу потешко, но и многу поважно, е да преземеме одговорност да го подобриме. Затоа за мене оваа иницијатива во Штип е јасен пример за политичката култура што сакаме да ја градиме, култура на работа, на институционална соработка и на решенија што имаат мерлив ефект врз секојдневието на луѓето. Позицијата нема смисла сама по себе ако зад неа не остане чесност, посветеност и резултат. И токму затоа нашата одговорност како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ е голема, капацитетот на партијата, на нејзините луѓе но и на нејзините структури да се стави во целосна функција не само за една политичката дебата, туку и за подобрување на реалните состојби во државата“, посочи Митева.

На крај Митева истакна дека посветеноста на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ за подигнување на свеста и поддршка на пациентките ќе продолжи и по октомври, нагласувајќи дека грижата за здравјето нема временско ограничување и бара континуирана ангажираност и конкретни решенија.

„Нашата одговорност не смее и нема да заврши на 31 октомври. Оваа болест нема календар, пациентките немаат месец за кампања, а грижата не смее да биде сезонска. Затоа Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја развива оваа тема и по октомври, со истата амбиција како што започнавме, да слушаме, да поврзуваме, да помагаме и таму каде што можеме да оставиме решение зад себе. Сплотени дејствуваме за една победа повеќе“, децидна е Митева.

Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка, преку конкретна иницијатива на Унијата на жени до подостапна грижа за пациентките

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Розовиот октомври – месец посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот на дојката, организираше панел-дискусија под мотото „Сплотено дејствуваме за една победа повеќе“, свое обраќање имаше Марија Митева, претседателка на УЖ и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Митева информираше дека во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка. Таа додаде дека иницијативата произлегла од страна на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека целта била да се обезбеди побрза, покоординирана и подостапна грижа за жените од Штип и целиот источен регион.

„Токму затоа денешниот ден во Штип има посебно значење за нас. Утрово во Клиничката болница во Штип беше воспоставен мултидисциплинарен тим односно кабинет за пациентките со рак на дојка, иницијатива која произлезе од Унијата на жени и која се роди од едно едноставно прашање: ако веќе постојат инфраструктурата, стручните луѓе и медицинските капацитети, можеме ли подобро да ги поврземе за жената да добие побрза, покоординирана и подостапна грижа? Одговорот беше едноставно – можеме. И токму тука сакам јавно да ја изразам благодарноста до министерот за здравство Сашо Клековски и до целиот тим на Министерството за здравство“, изјави Митева и додаде:

„Кога ја соопштивме идејата, немаше непотребно одлагање и бирократско префрлање на одговорноста. Иницијативата веднаш беше разбрана, прифатена и разгледана како можност нешто што веќе постои во системот да биде организирано подобро во интерес на пациентите. За мене тоа има значење многу пошироко од оваа конкретна иницијатива. Затоа што начинот на кој една институција реагира кога пред неа ќе се појави добра идеја кажува многу за здравствениот систем што сакаме да го градиме како ВМРО-ДПМНЕ“.

Митева е децидна дека УЖ на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од внатрепартиска организација, потенцирајќи дека истата, како што кажа, мора да биде место каде искуството од теренот се претвора во политичка идеја, политичката идеја во иницијатива, а иницијативата, кога е добра и остварлива, во јавна политика.

„Не станува збор секогаш за нови згради, нови апарати или дополнителни административни структури. Понекогаш вистинската реформа е постојните капацитети да се поврзат подобро, лекарите од различни специјалности да седнат на иста маса, случајот на пациентката да се разгледува интегрирано, информациите да патуваат побрзо од неа и одлуките да се носат координирано. Тоа е суштината на мултидисциплинарниот пристап и токму тоа сакаме да го овозможиме за жените од Штип и целиот источен регион“, кажа Митева и додаде:

„Како Унија на жени сакаме  да покажеме што сме иницирале, што сме промениле и кому сме му го олесниле животот. Сакам зад нас да останат механизми што функционираат, иницијативи што станале практика и политики што продолжиле да создаваат резултати и кога никој повеќе нема да се сеќава на фотографијата од денот кога биле започнати. Тоа е и причината поради која Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ја гледаме како многу повеќе од внатрепартиска организација. Таа мора да биде место каде искуството од теренот се претвора во политичка идеја, политичката идеја во иницијатива, а иницијативата, кога е добра и остварлива, во јавна политика“.