Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Преведувачката Соња Должан од Словенија го доби признанието „Блаже Конески“ од МАНУ: Македонскиот јазик сè помалку звучи македонски

Меѓународното признание „Блаже Конески“, кое Македонската академија на науките и уметностите го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународното признание „Блаже Конески“, кое Македонската академија на науките и уметностите го доделува за придонес во афирмација и промоција на македонскот јазик и култура, денеска и беше врачено на македонистката од Словенија  Соња Должан, која повеќе децении е посветена на превод на македонски автори и нивно претставување пред словенечката јавност.

Соња Должан (1964, Љубљана) е србист, кроатист и македонист, која студиите ги завршила на Филозофскиот факултет во Љубљана, но, пред сè, се посветила на македонскиот јазик и литература. 

Признанието „Блаже Конески“ на Должан  ѝ го врачи претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, а пригоден говор имаше дописниот член на Академијата, Венко Андоновски. 

Реклама

Тој нагласи ддека Должан има импресивна преведувачка дејност затоа што досега на словенечки превела 51 македонски автор. Како што рече, широк спектар на преводи – од научни тудови до уметнички дела на македонски книжевници  – целосни или делумни преводи, активност достојна на некој институт. 

– Важна културна појава, жена со исклучителна еруптивна енергија, неплатена амбасадорка на македонската култура, која ги презентира македонските книжевни вредности пред словенечката јавност. Преведува не само текстови на македонски јазик, туку преведува и култура, рече Андоновски. 

Преводите на Должан се објавени во повеќе зборници и книжевни списанија во Словенија, а исто така за нашата јавност таа го приближила најдоброто од словенечката литература со преводи на македонски јазик објавени од наши издавачки куќи. Должан била и професорка по македонска книжевност во меѓународни гимназии во Марибор и Љубљана и е коавторка на наставниот план за македонски јазик во училиштата во Словенија.

Заблагодарувајќи се за наградата, која ѝ беше врачена на Денот на МАНУ,  Должан истакна дека таа за неа има голема емотивна вредност бидејќи е именувана по Блаже Конески со чиј лирски запис (Пеперуга) се сретнала како петтоодделенка и го превела години подоцна како македонистка. Признанието ќе ѝ биде, рече, дополнителен поттик, чест и обврска и натаму да работи на промоција на македонскиот јазик, литература и култура. 

Во обраќањето Должан  упати порака за поголема грижа за македонскиот јазик затоа што поради напливот од странски зборови кои ги заменуваат тие што одамна постоеле – „македонскиот јазик сè помалку звучи македонски“.  И нејзиниот прв јазик – словенечкиот, рече, е загрозен од големите светски јазици. 

– Но, мора да се пофалам дека ние, Словенците, навистина се грижиме за него и сме свесни дека може многу лесно да исчезне. Тажна сум кога гледам што се случува со македонскиот јазик – секојдневно несвесно влегуваат странски зброови, најчесто од англискиот, макар што постојат убави македонски зборови кои потекнуваат уште од старословенскиот јазик. Ако не го чуваме јазикот, децата во иднина нема да го разбираат и нема да знаат да го употребуваат. Затоа треба да бидеме упорни и да го употребуваме во секоја пригода, рече Должан, додавајќи дека македонскиот го смета за свој „втор прв јазик“, а Македонија за своја втора татковина.