„Македонски дестилерии” освоија повеќе медали на најголемиот вински настан во Белград, информираа попладнево од здружението со седиште во Кавадарци.
– Одличен успех на членовите на здружението „Македонски дестилерии – ракиџии” на натпреварот за оценување на ракиите “Rakija Trophy wine vision 2026” во склоп на најголемиот вински настан Wine vision Open Balkan 2026 – наведуваат од Здружението.
Оттаму подвлекоа дека во конкуренција на преку 60 дестилерии и повеќе од 100 мостри, освоени се две златни и пет сребрени медали.
– Ова е потврда за квалитетот што го поседуваат малите семејни дестилерии и дека во Македонија се произведува најквалитетната ракија во регионот и пошироко – нагласи претседателот на здружението, Александар Клинчаров.

