Реклама

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Македонија

Ферати и Ле Риголер разговарале за евроинтеграциите, социјалната кохезија и меѓуетничките односи

Меѓуетничките односи во државата, значењето на Охридскиот рамковен договор и зачувувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓуетничките односи во државата, значењето на Охридскиот рамковен договор и зачувувањето на неговите вредности, како и предлог-законот за соодветна и правична застапеност биле во фокусот на средбата помеѓу министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, со францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер.

Како што соопштуваат од кабинетот на министерот, на средбата била потврдена подготвеноста за натамошно унапредување на соработката и поддршката на евроинтегративниот процес на државата.

– Амбасадорот ја поздрави понудата за натамошна соработка и ја истакна важноста од негувањето на добрите меѓуетнички односи, третирањето на Охридскиот рамковен договор како дел од заедничкото наследство, како и зачувувањето на неговиот дух. Тој се интересираше и за предлог-законот за соодветна и правична застапеност, посочувајќи дека Франција, од усвојувањето на Методологијата во 2019 година, останува посветена на унапредувањето на земјите кандидатки на патот кон членство во Европската Унија, како и на нивниот пристап до заедничкиот пазар и различните програми на Унијата. Амбасадорот се осврна и на најновиот предлог на Европската комисија, нагласувајќи дека треба да се почека за да се види дали истиот ќе биде одобрен и од Европскиот совет – стои во соопштението. 

Реклама

Ферати, како што се наведува во соопштението, го информирал амбасадорот и за владините политики за правична распределба на финансиските средства меѓу општините, како и за активностите насочени кон подобрување на можностите за младите.

На средбата биле презентирани и идеи за одбележување на 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со цел натамошно зајакнување на социјалната кохезија во земјата.