Реклама

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Македонија

Велковски: Во Студеничани се подготвуваат две нови детски градинки

Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски најави дека до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски најави дека до крајот на мандатот на Владата во Општина Студеничани ќе бидат изградени две детски градинки, одговарајќи на пратеничко прашање од Халил Снопче за недостигот на предучилишни установи во оваа општина.

Велковски посочи дека Владата, иако амандманот за изградба на градинка не бил прифатен во ребалансот на Буџетот, веќе работи на реализација на проектите во соработка со локалната самоуправа.

– Така ќе биде и во Студеничани. По иницијатива на премиерот, во соработка со градоначалникот на Општина Студеничани, веќе два објекта се подготвуваат, бидејќи треба да се спреми целата техничка документација комплетно за две населени места каде што ќе се изградат овие детски градинки – рече Велковски.

Реклама

Тој информира дека Министерството активно работи на расчистување на имотно – правните прашања за локациите предвидени за изградба на објектите.

Според него, едната локација веќе е подготвена и по завршувањето на катастарската постапка општината ќе може да аплицира до Министерството за финансирање на градинката.

Министерот истакна дека проектот ќе биде вклучен во програмата на Министерството, а поддршка ќе добие и втората градинка по завршување на потребната административна и техничка документација.

Тој додаде дека Владата паралелно работи на намалување на листите на чекање за згрижување деца и на отворање нови градинки низ државата, посочувајќи ги Теарце, Желино, Арачиново, Липково, Гази Баба и Карпош како општини во кои се реализираат или се подготвуваат проекти за нови предучилишни установи.