Реклама

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Македонија

„Рацете што ја чуваат традицијата“ – изложба на рачни изработки во Валандово

Локалниот женски совет за традиција и рурален развој во Валандово утре напладне…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалниот женски совет за традиција и рурален развој во Валандово утре напладне организира изложба на рачни изработки под наслов „Рацете што ја чуваат традицијата“, по повод Меѓународниот ден на руралната жена – 15 Октомври.

На настанот, кој ќе се одржи во просториите на Домот на културата „25 Мај“, се поканети да учествуваат жените од Валандово и околните населени места, кои ќе имаат можност да ги претстават своите рачни изработки, традиционални ракотворби и предмети изработени со стари техники.

Јавниот повик е упатен до сите кои знаат да плетат, везат, да изработуваат традиционални ракотворби, да создаваат предмети со стара техника, или пак да споделат нешто што го чуваат дома, а кое е поврзано со посебна приказна или спомен.

Реклама

– Зад секој вез, плетиво или рачна изработка стојат време, трпение, знаење, љубов и една жена која го чува она што го наследила од својата мајка, баба или претходните генерации. Затоа не сакаме само да ги изложиме нивните изработки, туку сакаме овие вредни жени да ги раскажат и своите приказни, велат од Локалниот женски совет за традиција и рурален развој во Валандово.

Со оваа иницијатива организаторите имаат цел да го зачуваат и промовираат традиционалното женско творештво, да ги истакнат вештините и креативноста на руралните жени и да поттикнат пренесување на културното наследство на помладите генерации.