Единствениот којшто се смее и којшто е среќен и којшто ликува на бегството на Ива Михаилова од Македонија во соседна Бугарија е токму Венко Филипче и бугарските власти, вели во одговор на прашање Валентин Манасиевски, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Прашање: Претседателот на СДСM, Венко Филипче реагираше на вашата прес-конференција, со тоа што иронично вели дека е виновен за сите случувања во државата, кој е вашиот став?
Одговор: Да ја видов објавата на Венко Филипче на една од социјалните мрежи и би рекол дека е единствениот којшто се смее и којшто е среќен и којшто ликува на бегството на Ива Михаилова од Македонија во соседна Бугарија е токму Венко Филипче и бугарските власти.
Но тука има еден многу интересен дел, а тоа е дека ние не обвинуваме, туку директно прашуваме дали Венко Филипче и Зоран Заев имаат ургирано, како што пренесоа и одредени медиуми и портали во јавноста, имаат ургирано кај нивниот близок другар и доктор Иван Барбов да направи извештај којшто еве и во прес-конференцијата го изнесов дека на ден 19.03.2026 година во извештајот направен од докторот Иван Барбов се вели дека лекувањето понатамошно на Ива Михаилова треба да биде во соседна Бугарија, затоа што во Македонија такво лекување не може да и биде овозможено.
Е сега зошто Венко Филипче толку многу се возбуди и веднаш помисли дека некој го обвинува за бегството на Ива Михаилова, јас тоа не го знам и ќе ве упатам да го поставите ова исто прашање токму до Венко Филипче.

