Реклама

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Македонија

ВРЕДИ: Каде е факелот на Ахмети за Груби

Казино момчето Артан Груби излезе од куќен притвор, но е далеку од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Казино момчето Артан Груби излезе од куќен притвор, но е далеку од слободен човек. Каков пазар да прави, колку и да ги користи старите врски на ДУИ во правосудството, подземните шеми, тој уште долго ќе мора да се справува со неговите владејачки гревови. Има обвинение и без разлика колку е спремен Прпарим Бајрами да се жртвува за него, на Артан Груби ќе му виси тежок камен околу вратот, стои во соопштението од ВРЕДИ. 

Цело раководство на ДУИ се уште се прашува зошто после една година во бегство тој сам се пријави на граница и доби само куќен притвор. Факт е дека истече максималниот рок во кој можеше да му се продолжува притворот.

Факт е дека Артан Груби ќе може да се движи само во Скопје и ќе треба редовно да се чекира во Судот. Факт е дека за таа ограничена слобода на движење даде гаранција вредна 350 илјади евра како да се 100 денари.
 
Без разлика на театарот што му го направија десетина негови лојалисти со навивачка пиротехника, исплашениот и блед лик на „кингот“ говори многу без тој воопшто да изусти збор. Иако Бујар Османи во интервју се обиде да го излиже тоа што го исплука за Артан Груби во кампањата за локалните избори, сепак тоа не беше доволно. Мораше уште повеќе да се понижи и како поранешен шеф на дипломатијата стана навивач за човек кој е на црната листа на САД. Симптоматично, недостасуваше факелот на Али Ахмети кој во неколку наврати со изјави неуспешно се обиде да си ја припише како личен успех замената на куќниот притвор со поблаги мерки за неговиот поранешен најблизок соработник и некрунисан наследник.
 
Да не случајно Артан Груби добил задача да направи драматичен раскол во ДУИ?
 
Како и да е, ВЛЕН му посакува на Артан Груби добро здравје и кондиција. Со нетрпение ја очекуваме неговата позната комуникациска ароганција со која со невиден успех го разјадуваше рејтингот на ДУИ. Се додека тој е слободен и дополнително ја отежнува неопходната кадровска реформа во ДУИ, за нас нема подобра и посилна гаранција за успех на ВЛЕН на било кои избори.