Реклама

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Македонија

Седница на Советот на јавните обвинители

– Петте пријавени кандидати за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Петте пријавени кандидати за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје (ОЈО ГОКК) денеска ќе ги претстават своите кандидатури на седница на Советот на јавните обвинители.

Во трка за функцијата, според официјалната кандидатска листа, се вишиот јавен обвинител Јован Цветановски, обвинителот во Вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО, Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје, Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од ОЈО ГОКК, Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи.

Во Комисијата за спроведување на изборот, што ја формира Советот на јавните обвинители, членуваат Ермон Незири, Светлана Стојковиќ и Кети Петкова. Изборот ќе се спроведе на 28 октомври во периодот од 8 до 16 часот со тајно и непосредно гласање на јавните обвинители.

Реклама

Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на актуелниот раководител Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Огласот за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК беше објавен во „Службен весник“ на 21 август годинава. 

Видеото може да го погледнете на следниот линк: