ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ во периодот од 5 до 11 октомври отстранило 135 непрописно паркирани возила со специјалните возила „Пајак“, со цел да се овозможи непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
-За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот – посочуваат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

