ВоСобранието денеска напладне ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“ за 2026. – највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Македонија.
Според одлуката која ја донесе Одборот за доделување, наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста годинава ќе ја добие писателот и универзитетски професор Венко Андоновски.
За животно дело во областа на науката и образованието, високото признание им се доделува на лингвистот проф. д-р Димитар Пандев, универзитетскиот професор Ѓулумсер Касапи и на проф. д-р Владо Поповски – доктор по историско-политички и правни науки.

