Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Универзитет „Скопје“ домаќин на меѓународен конгрес ICON BEST 2026

Десет ректори, претставници од 20 држави и повеќе од 100 учесници се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Десет ректори, претставници од 20 држави и повеќе од 100 учесници се дел од десеттото издание на Меѓународниот научен конгрес ICON BEST 2026, кој се одржува на Универзитет „Скопје“ под мотото „Дигитални хоризонти: Паметна економија и интелигентен туризам“.

Конгресот ги обедини истакнатите научници, академските лидери и меѓународните експерти во дискусија за влијанието на вештачката интелигенција, дигитализацијата и технолошките иновации врз економијата, туризмот и образованието, со посебен акцент на меѓународната соработка и поврзувањето на академската заедница со бизнис-секторот, с енаведува во соопштението на Универзитетот „Скопје“. 

Конгресот свечено го отвори ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, кој им посака добредојде на меѓународните гости и учесници, истакнувајќи го значењето на научната размена, современото образование и меѓународното академско поврзување.

Реклама

Меѓу истакнатите учесници се проф. д-р Иво Јосиповиќ, поранешен претседател на Република Хрватска, проф. д-р Александар Зиданшек, проф. д-р Орхан Хикмет Азизоглу, проф. д-р Антонио Карлес, проф. д-р Едуардо М. Пичирили и Јоланда Пердомо, меѓународен експерт за туризам и поранешен висок функционер на Светската туристичка организација на Обединетите нации.

Поранешниот претседател на Република Хрватска, проф. д-р Иво Јосиповиќ, говорејќи за иднината на Европа, ја истакна потребата од европско единство, поголема конкурентност и посилна соработка меѓу академската заедница и бизнис-секторот.

„Европа мора да биде силна и сигурна, само обединета може да биде конкурентна на светот. За македонската економија да ги почувствува бенефитите и да биде дел од Европа, мора да има соработка меѓу академската заедница и бизнис-секторот“, порача Јосиповиќ.

Јоланда Пердомо во своето обраќање ја нагласи сè поголемата улога на технологијата во развојот на услугите и индустриите со најбрз раст.

„Технологијата станува клучен дел од услугите што ги нудат компаниите во најбрзо растечките индустрии“, истакна Пердомо, посочувајќи ја важноста на следењето на технолошките промени и приспособувањето кон новите потреби на пазарот.

За предизвиците во образованието говореше проф. д-р Антонио Карлес, меѓународен експерт за квалитет во туристичкото образование, кој ја потенцираше потребата од постојано унапредување на наставните процеси и прифаќање на новите пристапи во учењето.

„Без иновации, образованието не може да фати чекор со општеството што се менува“, истакна Карлес, нагласувајќи дека современото образование мора да одговори на динамичните промени во економијата, технологијата и потребите на новите генерации.

Неговата порака ја нагласи важноста на поврзувањето на знаењето, економскиот развој и европските перспективи, особено во услови на глобални економски и технолошки промени.

Во рамките на научниот дијалог, беше отворено и прашањето како да се обезбеди технолошкиот напредок да придонесува за подобар квалитет на живот, а истовремено да биде проследен со јасна правна и етичка одговорност. Јове Кекеновски ја нагласи потребата дигитализацијата и вештачката интелигенција да се развиваат во интерес на човекот, со почитување на човековите права и владеењето на правото. Колку што се поголеми можностите на технологијата, толку поважни стануваат правилата за нејзината употреба и одговорноста за последиците.

Десеттото издание на ICON BEST 2026 уште еднаш ја потврдува улогата на Универзитет Скопје како место за меѓународна академска размена, развој на нови идеи и поврзување на науката со реалните потреби на економијата и општеството.

Преку темите поврзани со вештачката интелигенција, дигиталната трансформација, современото образование и интелигентниот туризам, конгресот отвора простор за нови истражувања, партнерства и можности за соработка меѓу универзитетите, институциите и деловната заедница.

Со учеството на ректори, научници и експерти од 20 држави, ICON BEST 2026 испраќа порака дека иднината се гради преку знаење, иновации, меѓународна соработка и одговорен пристап кон технолошките промени.

Универзитет „Скопје“ продолжува да ја унапредува својата меѓународна академска соработка и да создава простор за научен дијалог што ги поврзува современите технологии со потребите на човекот, образованието и општеството.