Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Младинската школа на ФК Вардар и „Психограм“ со седумдневна кампања за менталното здравје во детскиот спорт

По повод Светскиот ден на менталното здравје -10 Октомври, Младинската школа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Светскиот ден на менталното здравје -10 Октомври, Младинската школа на ФК Вардар и „Психограм“ спроведоа седумдневна кампања посветена на менталното здравје на младите спортисти.

Како што информираат од Младинската школа на ФК Вардар и „Психограм“, во кампањата биле опфатени сите генерации во школата, од деца родени во 2019 до деца родени во 2014 година, со вклучување на нивните родители и тренери.

Преку секојдневни пораки, практични задачи, работни листови и разговори, децата биле поттикнати да ги препознаваат и изразуваат своите чувства, да развиваат самодоверба и да учат како да се справуваат со грешките, притисокот и предизвиците на теренот. Посебно внимание било посветено на радоста во играта, меѓусебната поддршка и чувството на припадност во тимот.

Реклама

Во кампањата биле вклучени и возрасните што го обликуваат спортското искуство на децата. Родителите и тренерите добиле насоки за поддржувачка комуникација, реални очекувања и создавање средина во која детето може да учи, да погреши и да напредува без страв. Акцијата бил пријавена во Комората на психолози како дел од одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје.

Со оваа иницијатива, Младинската школа на ФК Вардар и „Психограм“ покажуваат како грижата за менталното здравје и менталниот тренинг можат да станат составен дел од работата во една спортска школа. Ваквиот пристап, како што посочуваат, има вредност и надвор од локалната средина и може да послужи како пример за спортски школи што сакаат да го поддржат целосниот развој на младите спортисти.

-Пораката на кампањата е јасна: покрај физичката, техничката и тактичката подготовка, на децата им се потребни психолошка поддршка, разбирање и простор да ја играат својата игра. Успехот во детскиот спорт се гледа и во тоа колку децата се чувствуваат сигурни, прифатени и мотивирани да продолжат да спортуваат – велат од Младинската школа на ФК Вардар и „Психограм“.