Изградбата на автопатот Прилеп – Битола се одвива со добра динамика, а првите 12 километри од вкупно 40 се очекува да бидат ставени во функција в година – информира заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
Николоски зборуваше и за преостанатото поврзување од Фариш до Прилеп. Посочи дека на оваа делница се применува поинаков пристап при изградбата што треба да придонесе за поголема стабилност.
– Првпат во Македонија се работи автопат без земјена подлога, односно се поставува подлога од дробен камен, што значително ќе ја зголеми стабилноста на возењето. Така ќе биде и на Кичево – Букојчани и на Скопје – Блаце – изјави министерот.
Според Николоски, в година треба да биде пуштен во употреба првиот сегмент од автопатот.
– Првите 12 километри од вкупно 40 на автопатот Прилеп – Битола ќе бидат ставени во функција в година. Она што сега останува е делот од Фариш до Прилеп затоа што автопатот почнува некаде на 9 километри над Прилеп и ќе останат 25 километри, кои не се решени. Тие 25 километри во моментот разговараме да изнајдеме решение да се градат како автопат или експресен пат – истакна Николоски.
Според него, Прилеп – Битола е дел од поширокото инфраструктурно поврзување на регионот, а во изминатиот период беа пуштени во употреба и двете фази од експресниот пат Прилеп – Градско, односно делниците Градско – Дреново и Дреново – Фариш.

