Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Девет успешно изведени роботски интервенции – „Аџибадем Систина“ ја развива роботската хирургија во Македонија и во регионот

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ досега успешно изведе девет роботски асистирани хируршки интервенции…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ досега успешно изведе девет роботски асистирани хируршки интервенции од областа на урологијата и гинекологијата, продолжувајќи го развојот на роботската хирургија како нов стандард во минимално инвазивно хируршко лекување. До крајот на годината, планирано е да се изведат вкупно 20 роботски интервенции, а примената на оваа технологија ќе се прошири и во детската, абдоминалната и торакалната хирургија.

Со инвестицијата во современиот роботски систем MedBot Toumai®, „Аџибадем Систина“ стана единствен центар за роботска хирургија од ваков тип во Македонија, Косово и Албанија, кој располага со стручен и специјализиран обучен тим за изведување и на најкомплексни роботски асистирани интервенции. 

„Горди сме што сме пионери во развојот на роботската хирургија во земјава и регионот и што успеавме да го подигнеме стандардот за хируршко лекување. За пациентите, роботски асистираниот минимално инвазивен пристап носи повеќе придобивки како што се: помали оперативни резови, помала загуба на крв и постоперативна болка, намален ризик од компликации, пократок престој во болница и побрзо враќање на секојдневните активности. Продолжуваме со континуирана едукација и усовршување на ова поле, со цел да им овозможиме на пациентите најсовремен третман и грижа“, изјави проф. д-р Сотир Ставридис, специјалист по урологија.

Реклама

Првата роботски асистирана операција во „Аџибадем Систина“ беше извршена во јули годинава, кога уролошкиот тим успешно изведе радикална простатектомија со лимфаденектомија, комплексна интервенција за третман на карцином на простатата. Развојот продолжи со примена на роботската технологија и во хирургијата на бубрегот, при што уролошкиот тим првпат во Македонија изведе роботски асистирана нефректомија кај пациентка со комплексен тумор на бубрег. Покрај уролошките процедури на простата и бубрег, успешно беа изведени и роботски асистирани гинеколошки интервенции, лапароскопски хистеректомии со лимфаденектомии кај пациентки со бенигни и малигни тумори на матката.

Развојниот план продолжува и во следната година, кога во Центарот за роботска хирургија во „Аџибадем Систина“ се планира да бидат изведени од 100 до 120 роботски асистирани операции. 

Роботскиот систем Toumai® е еден од најсовремените роботски системи во медицината. Toj овозможува тридимензионална визуализација со висока резолуција, повеќекратно зголемување на оперативното поле и исклучително прецизни и стабилни движења на инструментите. Ваквиот пристап овозможува висока прецизност и при интервенции во анатомски тешко достапни региони, со можност за максимално зачувување на околните нерви, крвни садови и ткива. 

Со континуирана едукација на медицинските тимови, воведување нови процедури и стекнување дополнително клиничко искуство, целта е роботската хирургија да стане значаен дел од современата хируршка практика во болницата.