Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Претставување на „Експо 2027 Белград“, Македонскиот павилјон ќе настапи со мотото „Сите ритми на сонцето“ (во живо)

Отворен ден во Скопје на „Експо 2027 Белград“, на кој ќе бидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отворен ден во Скопје на „Експо 2027 Белград“, на кој ќе бидат презентирани можностите за учество на Македонија, во соработка со македонскиот павилјон „Сите ритми на сонцето“ (All Rhythms of the Sun).

Првиот воведен настан, посветен на претставувањето на проектот „Експо 2027 Белград“, на кој ќе бидат презентирани визијата на претстојната специјализирана изложба, можностите за соработка и вмрежување, како и перспективите што „Експо“ ги нуди во повеќе области, ќе се одржи во „Јавна соба“, во периодот од 12 до 15 часот. 

Директорот на „Експо 2027 Белград“, Данило Јериниќ, ќе го отвори настанот со поздравно обраќање и претставување на промотивното видео.

Реклама

Потоа следува сесијата „Како да учествувате на ‘Експо 2027’ преку програми“, на која ќе бидат претставени можностите во рамките на програмата за образовни институции, организации, спортски федерации и партнери. За програмата и содржината ќе говори Марина Пејовиќ, координаторка во тимот за програма и содржина, по што е предвидена сесија со прашања и одговори.

Следува сесијата „Експо 2027 како деловна платформа“, посветена на поврзувањето на глобалните економии и развивањето нови партнерства. Презентацијата ќе ја има Оливера Ковачевиќ, координаторка во тимот за програма и содржина, по што ќе следува сесија со прашања и одговори.

Во 13.30 часот ќе биде претставено промотивното видео за Македонија, видео на повеќе јазици со кое се промовира македонскиот вински сектор.

Следува презентација за туристичкиот сектор, односно за излезниот туризам, проследена со вмрежување. На сесијата ќе учествуваат тимот на „Експо“, туристички институции и даватели на услуги за влезен туризам, македонски агенции за излезен туризам и други учесници.

Во пресрет на настанот, претходно, во 10 часот е предвидена неформална средба со претставници на „Експо“, на која медиумските претставници ќе имаат можност за директна средба, како и интервју со Данило Јериниќ, директор на „Експо 2027 Белград“.

По неформалната средба, следува прес-конференција, на која ќе се обратат директорот Јериниќ и Александар Велиновски, комесар на Македонскиот павилјон.

„Експо 2027 Белград“ е специјализирана изложба, која ќе ги поврзе земјите, институциите, организациите и деловниот сектор, со можности за воспоставување нови партнерства и соработка, како и за презентација на разни области, меѓу кои образованието, спортот, економијата и туризмот.