Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Меџити: Меморандум за соработка со училиштето „Иднина“, поддршка и еднакви можности за секое дете

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити потпишал Меморандум за соработка со училиштето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити потпишал Меморандум за соработка со училиштето „Иднина“, со цел на учениците да им се обезбедат поддршка и соодветни услови во периодот на нивното привремено преместување, до завршувањето на новиот училиштен објект.

Како што информираат од Општина Чаир, училиштето „Иднина“ се гради од темел, со модерни услови приспособени на потребите на децата со посебни потреби. Во рамки на соработката, Општина Чаир ќе обезбеди бесплатен и безбеден превоз за учениците од Чаир, бесплатно користење на општинскиот базен и спортската сала „Шабан Трстена“, како и заеднички едукативни и спортски активности.

-Привременото преместување не смее да значи помалку можности за децата. До завршувањето на новиот објект и враќањето на учениците во нивното училиште, ќе обезбедиме да ја имаат потребната поддршка, простор и активности за да учат, да се развиваат и да бидат активен дел од општеството. Еднаквите можности треба да важат за секое дете, а преку овој Меморандум оваа заложба ја претвораме во конкретна поддршка – изјавил Меџити.

Реклама

Меморандумот, како што посочуваат од Општина Чаир, има за цел во периодот на привременото преместување на учениците да им се обезбеди континуитет во активностите кои придонесуваат за нивниот развој, вклученост и благосостојба, сè до нивното враќање во новиот објект на училиштето „Иднина“.