Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Собрание: Холандската поддршка е значајна за европската интеграција на земјата

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, потпретседателката на Собранието, Весна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, и пратениците Иванка Василевска и Игор Здравевски оствариле средба со холандска делегација, предводена од Хелен Бакер, заменик-министерка за надворешни работи на Кралството Холандија и генерална директорка за европска соработка при Министерството за надворешни работи на Холандија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Филипче изразил благодарност за континуираната поддршка од Кралството Холандија за нашата земја на патот кон членството во Европската Унија.

Во фокусот на разговорите биле процесот на европската интеграција и исполнувањето на Копенхагенските критериуми, со посебен акцент на владеењето на правото, независните медиуми, заштитата на ранливите категории граѓани и обезбедувањето независно судство.

Реклама

Соговорниците размениле мислења и за безбедносната состојба во Европската Унија, Планот за раст за Западен Балкан, како и за можностите и придобивките од заедничкиот европски пазар.

На средбата била потврдена важноста од продолжување на соработката и размената на искуства во процесот на европската интеграција, како и од понатамошната поддршка за реформите насочени кон усогласување на земјата со европските стандарди.