Наместо да ги гони да и се бори за праведна казна, битолски виш обвинител правел се за да им го олесни животот на осомничени и обвинети за кривични дела.. Пецо Везироски ја искористил својата положба во Вишото битолско обвинителство, за да влијае врз колеги во најмалку четири предмети кои биле во нивна надлежност.
Меѓу предметите во кои интервенирал се споменува и случајот со контроверзниот бизнисмен Борче Марковски, обвинет за матни тендери во РЕК Битола вредни 1,7 милиони евра. Марковски прво доби притвор, па потоа му беше укинат со гаранција од фантастистични речиси 5 милиони евра. Во јуни годинава газдата на Марковски Компани побара и враќање на патната исправа, но струшкото обвинителството го одби. Но по жалбата во Битолското Вишо обвинителство пасошот му беше вратен, по што Марковски замина во Србија.
Судот му го одзеде пасошот на Везироски и го оддалечи од работата додека трае постапката против него, по барање на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
- „Против П.В., кој се сомничи за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик, со оглед на фактот дека судот не може да му определи построга мерка од мерката предложена од јавниот обвинител, му се се определуваат мерки за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности“ соопштија од Кривичен суд Скопје.
Според досегашниот информации од полицијата и обвинителството, Везироски бил под посебни истражни мерки со кои се обезбедиле докази дека тој во четири поединечни предмети ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети во кривична постапка.
Вчера во направените претреси во домот на осомничениот Везироски и канцелариите во вишото битолска обвинителство за да се соберат дополнителни докази, биле пронајдени шест мобилни телефони, едно УСБ и приватен лаптоп.
- „П.В. во функција на виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Битола во повеќе наврати влијаел при донесувањето на одлуките од страна на други јавни обвинители, со цел изрекување на поблаги казни за сторителите“ изјави Гоце Андреевски од МВР.
Вишиот јавен обвинител се сомничи за кривичното дело „примање награда за противзаконикото влијание“.

