Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Божиновска – Петрова: Нови чекори за зајакнување на енергетската соработка меѓу Македонија и Бугарија

 Продлабочување на билатералните односи во енергетиката, со фокус на конкретни проекти, размена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Продлабочување на билатералните односи во енергетиката, со фокус на конкретни проекти, размена на искуства и можности за заеднички активности биле во фокусот на средбата меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и бугарската министерка за енергетика Ива Петрова.

Средбата се одржа во Белград, на маргините на Вториот министерски самит на четирите земји – Македонија, Бугарија, Грција и Србија. На разговорите присуствувале претставници на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, МЕПСО и НОМАГАС, како и претставници на енергетски компании и институции од Бугарија.

Една од темите беа батериските системи за складирање електрична енергија. Македонската страна изрази интерес за искуствата на Бугарија во техничките решенија, регулативата, финансирањето и реализацијата на ваквите проекти. Бугарската страна изрази подготвеност да ги сподели своите искуства, експертиза и технички знаења со македонските институции и компании.

Реклама

Разговарано беше и за продолжување на започнатата соработка за подобро поврзување на електроенергетските пазари и унапредување на прекуграничната размена на електрична енергија.

Во рамки на средбата беше опфатена и темата енергетска сиромаштија, при што беа разменети искуства за мерките и политиките што можат да придонесат за обезбедување подостапна и сигурна енергија за граѓаните.

Министерките разменија мислења за идните енергетски планови и проекти на двете земји и нивното поврзување со регионалните приоритети. Разгледана беше и можноста за заеднички настап пред меѓународни финансиски институции и донатори за обезбедување средства за стратешки и регионално значајни енергетски проекти.

Во разговорите беа опфатени и новите технологии во енергетиката, како и можностите за посилно поврзување на компаниите и институциите од двете земји. Во тој контекст, беше нагласено значењето на соработката меѓу МЕПСО, НОМАГАС и МЕМО и нивните соодветни партнери во Бугарија, со цел размена на знаења и искуства и развој на конкретни активности.

Разговарано беше и за Иницијативата Исток–Запад, во чии рамки е предвидена изградба на дополнителна интерконекција меѓу македонскиот и бугарскиот електропреносен систем, како и идни надградби и унапредување на постојната интерконекција меѓу Македонија и Грција.

Реализацијата на овие инфраструктурни проекти, заедно со останатите тековни и планирани енергетски проекти, ќе овозможи подобро регионално поврзување и зголемување на преносните капацитети, а со тоа и поголеми можности за размена на електрична енергија.

На средбата беше истакнато дека реализацијата на Иницијативата Исток–Запад и другите стратешки енергетски проекти ќе придонесат за зајакнување на улогата на Македонија во регионалниот енергетски систем, преку подобро поврзување на пазарите и унапредување на сигурноста на снабдувањето.

Двете страни го истакнаа потенцијалот за понатамошна регионална интеграција, размена на експертиза и заеднички инвестиции, со цел создавање посигурен и постабилен енергетски систем во Македонија, Бугарија и поширокиот регион.